8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаОТВОРЕНИ 23 КИЛОМЕТРИ ОД НОВИОТ ПАТ ШТИП-РАДОВИШ, ТРЕБА ДА СЕ ИЗГРАДАТ УШТЕ...

ОТВОРЕНИ 23 КИЛОМЕТРИ ОД НОВИОТ ПАТ ШТИП-РАДОВИШ, ТРЕБА ДА СЕ ИЗГРАДАТ УШТЕ 16

Денеска се пушта во сообраќај главната делница од експресниот пат Штип-Радовиш, од обиколницата Југ-Штип до Бучим, во должина од 23 километри. Должината на целиот пат Штип-Радовиш ќе изнесува 39 километри.

Од Министерството за транспорт и врски соопштуваат дека оваа делница е изградена пред рокот, а во наредниот период, изведувачот „Страбаг“ ќе работи на двете одвоени делници, од Три Чешми до обиколницата Југ-Штип и од Бучим до Радовиш, во вкупна должина од 16 километри.

Експресниот пат има две ленти со широчина од 3,5 метри, а располага и со два метра простор од двете страни, предвиден за застанување на патот. Досега се изградени речиси сите планирани 11 мостови, три надвозници и два подвозника, како и 23 пропусти. Максимално дозволената брзина е 110 километри на час објави сдк.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...