14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПоставена плоча кај Гајре во чест на загинатите петмина армиски бранители во...

Поставена плоча кај Гајре во чест на загинатите петмина армиски бранители во 2001

Се одбележаа 20 години од нападот и убивањето на петмина армиски бранители кај тетовското село Гајре на патот од Тетово кон Попова Шапка. Почит им беше оддадена од Одборот на бранители, Армијата, претставници на партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и навивачката група Војводи. Беше поставена плоча со имињата на загинатите бранители покрај која се положи цвеќе.

– Тој ден безмислосната рака на злото вечно го зацрни ова место. Докажаа дека името, презимето и националноста, не го чинат човека, туку почитта и лојалноста кон своето, кон нашето заедничко. На дваесетгодишнината од загинувањето сведочиме за несебичниот однос кон повикот на татковината и нејзината агресија на тероризмот.Тоа не обврзува да не ги заборавием бидејќи тие ги дадоа животите за наше подобро утре, а тоа е најмногу што може еден човек – изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

Според него, 20 години подоцна бранителите од државата се запоставени.

– Иако бранителите беа повикани од државата да ја бранат и според мене успешно ја одбранија не жалејќи ги животите вргадувајќи ги во темелите на денешнината. Нивните рожби сега веќе оформени граѓани на оваа наша татковина се прашуваат зошто нивните родители ги оставиле своите млади животи, жртвувајќи го животот. Бранителите се надеваат дека ќе дојде политичка гарнитура која ќе ги вреднува придобивките од она што го постигнаа бранителите и ќе им се даде местото што заслужено го имаат во општеството – истакна Најдов.

Во 2001 година загинаа Исак Руфати од тетовско Одри, Влатко Миленковски и Благојче Сиљанов од Битола, Пеце Матичевски од битолско Новаци, Кољо Китанов од струмички Сарај.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...