9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаНадлежните реагираат: Децата да не ги јаваат реквизитите, ги влечат за опаш...

Надлежните реагираат: Децата да не ги јаваат реквизитите, ги влечат за опаш и за заби диносаурусите, вo устата им ставаат камчиња и зеленило..

spot_imgspot_img

Дино паркот во рамките на скопската Зоолошка градина секој ден е полн со посетители. Вчера имало над 6.000 гости не само од земјавата туку и од Србија и Косово. Со тоа за само една недела од отворањето паркот го посетиле 25.000 лица.

Иако во паркот е забрането посетителите да се качуваат на динасаурусите и местата каде тие се поставени се оградени со јажиња, сепак голем број не ги почитуваат правилата. Не само децата, туку и возрасните влегуваат во забранетиот дел и се качуваат на карпите за да бидат поблиску за сликање до динасаурусите. Децата ги јаваат реквизитите, ги влечат за опаш и за заби диносаурусите, во устата им ставаат камчиња и зеленило.

Деца јаваат еден од диносаурусите во паркот. (Фото: Ѓ.Личовски)

Вработените во Дино паркот велат дека иако има редари бидејќи секој ден има многу посетители не можат да ги контролираат сите.

„Апелираме до сите посетители да се почитуваат правилата на однесување, за да не се оштетат реквизитите и паркот уште долго време да биде атракција во Скопје. Изминатава недела има голем интерес, вчера имавме и организирани тури со автобуси од Србија и Косово, што покажува дека бевме во право кога најавивме дека Дино паркот ќе биде регионална туристичка атракција“, велат од Зоолошката градина.

Влезот во Дино паркот е 50 денари. (Фото: Ѓ.Личовски)

Дино паркот беше пуштен во употреба на 29 мај. Има 41 диносаурус во природна големина. Диносаурусите се движат и испуштаат звуци.

Влезот во Дино паркот е 50 денари.

Извор:Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...

Велигденски концерт во црквата ,,Света Софија” во Охрид

Во организација на НУ „Охридско лето“, а по повод големиот верски празник Велигден, ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот...