8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДоколку шинтерите на ЈП „Лајка“ ви го заробат кучeто, ќе мора да...

Доколку шинтерите на ЈП „Лајка“ ви го заробат кучeто, ќе мора да платите 18.000 денари за да си го вратите дома..

Од „Лајка“ тврдат дека наплаќаат по ценовникот изгласан од Советот на Град Скопје, а дека неодговорните сопственици ги пријавуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство, па тие ги казнуваат

Доколку на некој граѓанин му избега кучето, па го заловат шинтерите на ЈП „Лајка“, тогаш, за да си го земе назад од нивниот стационар, сопственикот ќе мора длабоко да си брцне во џебот, бидејќи тоа скапо ќе го чини. Колкава е точната или приближната сума од „Лајка“ не одговараат, но граѓаните тврдат дека може да биде и до 300 евра, пишува СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

-Зошто наплаќате ненормално многу кога ќе заловите домашен миленик што случајно избегал од дома? Човек треба кредит да подигне за да си го земе кучето од кај вас. Срамота! – револтирано коментира скопјанка под објава на Фејсбук.

Од „Лајка“ тврдат дека наплаќаат по ценовникот изгласан од Советот на Град Скопје, а дека неодговорните сопственици ги пријавуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство па тие ги казнуваат.

Одговарајќи им на граѓаните, со коментари на нивните реакции, од ЈП „Лајка“ велат: „Зошто мислите дека од буџетот (пари на сите граѓани) треба да решаваме нечии домашни проблеми и за домашни кучиња со неодговорни сопственици да ги покриеме направените трошоци од пари на сите граѓани?“, и уште додаваат: „Кога возилото ќе ви го земе пајак-служба за непрописно паркирање, сигурно плаќате. Така и со домашните миленици, кои од која било причина се најдени на јавна површина без сопственик“.

Во ценовникот што го спомнуваат од претпријатието што треба да заловува и да се грижи за бездомните кучиња, кои ги има многу по скопските улици, пишува дека заловување домашни миленици од јавни површини чини 2.000 денари, читање на микрочип кој не е вграден во ветеринарната служба на „Лајка“ 100 денари, клинички преглед е 200 денари, испитување крв од 200 до 600 денари, додека за престој, храна и нега на кучето во стационарот треба да се плати од 100 до 200 денари на ден. Како се стигнува до големите суми што ги спомнуваат граѓаните, не се знае, затоа што од јавното претпријатие и покрај нашето настојување, не одговорија на овие прашања.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...