4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаВИДЕО- Приведено едно лице на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ кај Мавровка, „на помош“...

ВИДЕО- Приведено едно лице на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ кај Мавровка, „на помош“ дојде и Мицкоски ДОЗНАJ ПОВЕЌЕ

За време на денешните блокади на ВМРО-ДПМНЕ на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ приведено е едно лице, по што група демонстранти ѝ дадоа отпор на полицијата и бараа негово ослободување.

Како што јави репортерот на „360 степени“ од терен, полицијата го одвела лицето во правец кон трговскиот центар, по што и дел од демонстрантите се упатиле натаму. Нешто подоцна на овој протест дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски.

Демонстрантите велат дека приведеното лице снимало со мобилен телефон и дека тоа е причината за приведувањето, но од полицијата велат дека лицето се однесувало агресивно.

„Едно лице е лишено од слобода поради омаловажување службено лице и агресивно однесување, како и непочитување наредба од полициски службеник“,

велат од МВР за „360 степени“.
Во моментов ситуацијата стабилизирана, а протестот продолжи и ќе трае до 17 часот.

Предупредувачките протести на ВМРО-ДПМНЕ се одржуваат во Скопје и во други градови низ земјава со едно единствено барање, а тоа е Владата јавно да го објави таканаречениот „патоказ“ за преговорите со Бугарија. Доколку не се даде тој документ на увид на јавноста, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе преземе и други активности, како институционални блокади и слично. Протестите ќе бидат од 15 до 17 часот на три локации во Скопје, пред Собранието, пред ТЦ „Мавровка“ и пред зградата на поранешна „Нова Македонија“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...