19.6 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Македонија МПЦ: Не слушајте го попот Стеван од Битола, туку вакцинирајте се !!!

МПЦ: Не слушајте го попот Стеван од Битола, туку вакцинирајте се !!!

Translate (Eng):[gtranslate]

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија соопшти дека го поддржува процесот за имунизација на населението, сметајќи го за потребен во надминувањето на кризата со коронавирусот.

Во таа насока, САС на МПЦ-ОА, како што се посочува, се оградува од изнесените лични ставови на свештеникот Стеван Здравевски од Преспанско-пелагониската епархија искажани околу светската пандемија од Ковид-19, што не се во согласност со учењето и исповедањето на православната вера.

Од САС апелираат до верниот народ, свештенството и монаштвото, да не бидат воведени во заблуда од ваквите погрешни ставови, внимавајќи и на пројавената намера за создавање култ од нечија личност.

РЕКЛАМА

-Се препорачува на епархискиот архијереј да ги има предвид изјавите и повиците на споменатиот свештеник и да постапи согласно на своите надлежности, стои во соопштението од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија.

Вo Битола пред скоро една недела починал таткото на поранешниот пратеник на СДСМ Васко Ковачевски. Поранешниот пратеник сакал што побргу да ги заврши обврските околу погребот и се упатил на гробиштата Св. Недела во Битола. Притоа екс пратеникот налетал на свештеникот Стефан Здравевски кој во моментот бил во служба (инаку на Битолската јавност познат како поддржувач и говорник на протестите против промена на уставното име на Република Македонија) и му соопштил за несреќната случка во врска со неговиот татко. Свештеникот ја примил веста и изразил сочувство и му рекол:

-Бог да го прости татко ти да му е лесна земја, но јас се заколнав дека на предавници не пеам и не служам опело.

- Реклами -