10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСлободен Печат-Надрилекарот Иван Исцелител лекува се, а обвинителството не превзема никакви мерки

Слободен Печат-Надрилекарот Иван Исцелител лекува се, а обвинителството не превзема никакви мерки

Во Јавното обвинителство прашавме зошто со години се толерира надрилекарството на Иван Исцелител и добивме одговор дека им е потребно името и презимето на човекот за да проверат дали имаат постапка против него. Од МВР велат дека во моментов против него нема никаква постапка.

Обвинителството и МВР повеќе од 10 години не преземаат мерки против надрилекарот Иван Исцелител, кој веќе изгради слика на „Божји пратеник“ и хуманитарец, дури му беше отстапуван и простор на телевизија. Денес тој на социјалните мрежи отворено промовира дека помага на пациенти со рак, тумор, цисти, мигрени, епилепсија, депресија, шизофренија, страв, зуење во ушите, вртоглавица и уште барем 50 дијагнози со кои современата медицина едвај излегува на крај.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) во два наврата му ја затворил „ординацијата“ во близина на Клиничкиот центар, а дознаваме дека тоа било мошне тензично поради насобраните пациенти кои ги колнеле инспекторите и им велеле дека „за свои пари ќе се лекуваат каде сакаат“. Станарите на уличката кај Клинички центар негодувале зашто граѓаните правеле метеж со паркираните автомобилите пред „ординацијата“. Исцелител изјави дека „полицијата го затворила, зашто сите пациенти од Клинички центар доаѓале право кај него и Клиниката била пред колапс зашто им ги преземал пациентите“.

„Ординира“ на патот од Куманово кон Крива Паланка

Дознаваме дека денес Иван Исцелител „ординира“ во близина на Кумановскиот здравствен дом, откако не му успеа да се стационира во близина на Клиничкиот центар во Скопје, блиску до илјадници пациенти и нивните беспомошни семејства.

„Во врска со надрилекарството на Иван Исцелител, ве информираме дека пред подолг временски период по добиени сознанија дека во простории лоцирани на улица Мајка Тереза во Скопје врши дејност на исцелителство, ДСЗИ Центар изврши вонреден инспекциски надзор на посочената локација и врз основа на констатираната состојба издаде решение за забрана за вршење дејност исцелителство, за која нема дозвола за работа од надлежна институција. Извесен период подоцна, ДСЗИ беше информиран дека Иван продолжил да работи на територија на Општина Куманово. По извршениот вонреден инспекциски надзор на оваа локација, повторно му беше издадено решение за забрана. Во моментот ДСЗИ нема сознанија дали Иван продолжил да работи на друга локација“, велат од Инспекторатот за „Слободен печат“.- линк до целосната сторија во Слободен Печат 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...