16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаШАМПИОНЕ, ЖИВЕЈ ВО ВЕЧНОСТА: ПОЧИНА ЗДРАВКО ЈОВАНОВСКИ – СОРАБОТНИК НА СТРУМИЦА ДЕНЕС,...

ШАМПИОНЕ, ЖИВЕЈ ВО ВЕЧНОСТА: ПОЧИНА ЗДРАВКО ЈОВАНОВСКИ – СОРАБОТНИК НА СТРУМИЦА ДЕНЕС, СПОРТСКИ ТРЕНЕР И ПРОФЕСОР ПО ФИЗИЧКО!

Почитувани, тимот на Струмица Денес со огромна болка и жалост ве известува дека денес, по кратко боледување, почина Здравко Јовановски.

Здравко Јовановски беше ведар и вечно насмеен човек, низ животот се движеше со мотото дека живее да ги направи другите среќни и задоволни со себе. Долги години е соработник на портал Струмица Денес к и учествувше во голем број проекти. На струмичани им е познат и како успешниот тренер во Пулсфит, професор по физичко образование во основно училиште. Здравко беше грижлив сопруг и татко на две деца.

Прерано згаснатиот млад живот е огромна загуба, а веста за смртта сѐ уште со неверување се шири меѓу неговите пријатели, познаници, ученици и клиенти. Здравко беше движечка харизма, пријател со секого, секому му ја поддаваше својата рака. Активно се залагаше за промоција на здравиот начин на живот кај младите и така успеа да промени многу животи. Затоа луѓето неизмерно го сакаат и почитуваат.

Последниот поздрав со Здравко ќе се одржи утре (четврток). Посмртните останки ќе бидат изложени од 12:00 часот, а погребот во 13:00 часот. Да го испратиме достојно, во еден друг, поправеден свет.

Уште еднаш, искрено и длабоко сочувство до семејството.

ВЕЧНА СЛАВА ШАМПИОНЕ!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...