6.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов: Мама ме научи сам да си ги пеглам кошулите... (Видео)

Шилегов: Мама ме научи сам да си ги пеглам кошулите… (Видео)

За скопскиот градоначалник Петре Шилегов не е тајна дека има бунтовен карактер. Зборува со скопски сленг и сака добра музика. Одвреме-навреме вози тротинет по Скопје, а понекогаш објавува и по некое селфи на Инстаграм. И сега тврди дека Дино Мерлин е „најбоља Нова година што му се случила на Скопје“

Во интервјуто за РЕПОРТЕР. МК зборуваше за сè. И за адвокатот Шилегов и за градоначалникот Шилегов, кој вели дека успева да ги одвои приватниот живот и јавниот. Но, дека и не секогаш е пријатно кога ќе прочита за себе сешто.
„Ние политичарите претерано сме во фокус. Јас сешто дознав за себе. Така и ја почнаа црната кампања против мене.
Со ќерката имаат роденден во ист ден, а со сопругата, пак, учеле во исто училиште. Така и се вљубиле. „Како во песната на Балашевиќ, таа имаше панделка во коса, ја бев бунтовникот со долга коса“, раскажува Шилегов.
Во интервјуто зборувавме и за тротинетот со кој се возеше низ Скопје, за куќата во Маврово и зошто замина баш во деновите на карантинот, за пазарчето каде што сам оди да набави сè за дома.
„Па јас со години сам пазарам и немам проблем со тоа. Искрено и секое утро сам си ги пеглам кошулите, и тоа од мајка ми ми е останато. За готвење ме бива само во делот на месото, ама знам и тоа добро да го направам“, искрен е Шилегов.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...