10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаЕстрада"Ја напиша "За Велигден", а сега објави текст по вистинска случка и...

“Ја напиша “За Велигден”, а сега објави текст по вистинска случка и ги заледи неговите следбеници”

Судбина”: Текст на Александар Стевановски напишан по вистинска случка – ќе ви го скрши срцето.

Младиот и веќе истакнат текстописец Александар Стевановски години наназад е посветен на создавање музика преку пишување стихови, а по тоа и стана познат и на јавноста, откако неколку истакнати имиња отпејаа негови текстови, меѓу кои е и песната “За Велигден” на Ѓоко Јовиќ.

Ако порано на социјалните мрежи кај Александар можевте секојдневно да сретнете по неколку нови текстови, тоа од поодамна не е повеќе така, но овој пат младиот текстописец реши да направи исклучок и да сподели текст со сите.

Како што успеавме да дознаеме од Александар, текстот не е објавен случајно, туку е напишан наменски и е објавен со посебна причина.

-Познавам еден релативно млад пар кој подолг период не е заедно а самото тоа низ што помина тој пар ме натера да овековечам некои болни моменти кои заслужуваат да бидат некаде запишани. Имено, тие се надеваа на дечиња а љубовта им беше поголема од небото. Кратко траеше и од она што јас го знам како информација, единствената причина за нивното раскинување е од здравствен аспект. Девојката која се викаше Мимоза не издржа да остане со љубовта на нејзиниот живот и заедно да пребродат се, иако и таа се соочуваше со здравствени проблеми додека тој беше потготвен на се за неа, па одлучи да ја напушти земјата и среќата да ја бара некаде далеку од се. Додека дечкото се опоравуваше од здравствени причини, мораше истовремено да се избори и со тагата што најважната личност го напушти и не успејаа никогаш да имаат деца кои толку многу ги посакуваа. По година дена тој дознава дека неговата единствена љубов е во блажена состојба и се радува како детето да е плод на нивната љубов, иако тоа му е само уште една болка. Како одминува времето, тој дознава дека таа го изгубила бебето кое што со новиот животен сопатник го очекувале и дека доживеала непоправлива психичка болка.
Во моментот кога дознав за целата случка, се наоѓав на автобуска и чекав такси, па некако самата измореност од работните обврски се поклопи со целата таа тага и во само еден момент напишав нешто кое што ми го искина срцето како да се силни ветришта- вели Александар за Шило Магазин.

Во продолжение погледнете го текстот:Нема достапен опис

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...