10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаКостадин: Вмровците ќе губат одново и одново – препознаени се од граѓаните

Костадин: Вмровците ќе губат одново и одново – препознаени се од граѓаните

Партијата ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е против нов Клинички центар, против подобри здравствени услуги за граѓаните.

Ставот на Мицкоски дека по секоја цена ќе го кочи законско решение со кое државата по 80 години ќе добие нов модерен Клинички центар е признание дека ВМРО-ДПМНЕ е цврсто застаната на спротивната страна од интересите на граѓаните, дека е цврсто застанат против здравствениот систем во нашата земја.

Тврдењата дека во соседна Србија се изградил ист Клинички центар за далеку помала сума се тешка лага и обид за манипулација на јавноста.

Не држи тоа алиби на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за сето ова што им го прават на граѓаните и државата.

Клиничкиот центар во Белград е само една зграда, кула изградена поодамна која сега е затворена и опремена. Клиничкиот центар во Скопје е цел комплекс со придружни објекти и претставува цел медицински град.

Тоа е огромна разлика која Мицкоски свесно ја игнорира за да бара алиби за неговите срамни обиди да ја спречи најголемата капиталната инвестиција во македонското здравство.

Додека СДСМ и парламентарното мнозинство прават се за да го унапредат квалитетот на живот, Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ прават се бојкотираат, блокираат, ги кочат важните законски решенија.

Наместо за граѓаните и државата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за интересите на докажаниот губитник Мицкоски.

Таквото деструктивно, антинародно и антидржавно однесување е препознаено од граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се постојано поразувани, затоа ќе бидат поразени одново и одново.

Граѓаните треба да знаат дека и со и без ВМРО-ДПМНЕ, државата ќе добие нов модерен Клинички центар кој ќе им пружи интегрирани здравствени услуги на сите граѓани.

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...