16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПритвор за странски државјанин: Со 400 денари сакал да ја поткупи Македонската...

Притвор за странски државјанин: Со 400 денари сакал да ја поткупи Македонската полиција !!!

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен државјанин на Република Албанија, поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Давање поткуп од член 358 став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 10 јуни 2021 година, околу 1:00 часот,на патниот правец Прилеп – Градско, додека управувал со возило бил запрен од сообраќајна контрола и му била побарана документација за товарното моторно возило МАН на кое имало прикачено полуприколка. Подавајќи ја документацијата кон полициските службеници, осомничениот ставил парични средства во износ од 400 денари, за полицајците да не извршат службено дејствие што би морале да го извршат. Откако службените лица ги вратиле парите и го предупредиле дека со тоа дејствие врши кривично дело давање поткуп, осомничениот повторно ги ставил паричните средства во документацијата и ги дал на полицајците за да не извршат преглед на возилото и полуприколката прикачена кон него.

При извршен преглед на возилото, службените лица во полуприколката пронашле наркотична дрога – мар их уана, во количина од 48,063 кг спакувана во две патни торби со вкупно 49 полиетиленски паковки.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Основниот суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице со Решение му е определен притвор во траење од 30 дена.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...