13.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаTaткото на исчезнатото девојче од Кочани: Вчера и беше роденден, наместо да...

Taткото на исчезнатото девојче од Кочани: Вчера и беше роденден, наместо да славиме ние сега молиме за помош.

Кочанското село Оризари во потрага по 16 годишната Наташа Николова, која вчера во осум часот излегла од дома и не се вратила. Откако не се јавила на мобилниот, нејзините родители го побарале класниот раководител, бидејќи од дома заминала дека оди во училиштето за да ги врати учебнинците. Семејството трага на сите можни локации и постојано на социјалните мрежи споделува апели доколку некој има некаква информација, да се јави кај нив, или во полиција.

Директорот на средното училиштето „Ѓошо Викентиев“, Тони Велков вели дека вчера во училиштето немале никакви активности околу враќање на учебниците.

НИТУ ЕДЕН ОД НЕЈЗИНИТЕ СООЧЕНИЦИ ВЧЕРА НЕ БИЛ ВО УЧИЛИШТЕТО ДА ГИ ВРАТИ УЧЕБНИЦИТЕ, БИДЕЈЌИ НЕМАЛО ЗАКАЖАНО ТАКВО НЕШТО. СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ ОД КЛАСНИОТ РАКОВОДИТЕЛ, ТАА РЕДОВНО СЕ ВКЛУЧУВУВАЛА НА ОНЛАЈН НАСТАВА, НО ВО ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ НИТУ ЕДНАШ НЕ ОДГОВАРАЛА УСНО, ТУКУ НА СИТЕ ПРАШАЊА ОДГОВАРАЛА ПИСМЕНО, ВЕЛИ ТОНИ ВЕЛКОВ ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА СОУ ЃОШО ВИКЕНТИЕВ.

Наташа Николова е прогласена за исчезната, полицијата од утринава се вклучи во потргата, го посетиле училиштето и други локации.

Таткото на Наташа за Телма вели дека мобилниот не може да се лоцира, се надеваат дека сепак нивната ќерка ќе се врати, која во време на пандемија го почна своето средно обарзование.

Викторија Димитрова Јованова Телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: За мене сите се еднакви во Македонија.

За мене сите се еднакви во Македонија вели претседателот Стево Пендароваки. Денеска во Ранковце си подадовме рака со активистите на ВМРО-ДПМНЕ и на противкандидатката...

Откриен мотивот за нападот во црква во Сиднеј

Австралиската полиција во вторникот соопшти дека нападот со нож врз епископот на асирската црква и некои следбеници во Сиднеј бил терористички акт мотивиран од...

Поранешната касарна во Охрид ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа.

Во склоп на поранешната касарна, ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа. Согласно проектот е предвидено да се изградат два типа, односно...

Државата е оштетена за над 2,5 милиони евра- ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО НЕ ТРЕБАЛО“

Повеќе од илјада граѓани добивале социјална помош иако според правилата не трбало да добиваат, соопшти министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска...