4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПандев: Најмногу ми е жал за луѓето кои силно нè бодреа!

Пандев: Најмногу ми е жал за луѓето кои силно нè бодреа!

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, даде свое видување за денешниот дуел со Австрија кој заврши со победа на противникот со 3:1.

– Одигравме добри осумдесетина минути. Знаевме дека во второто полувреме Австрија ќе притисне. Тие се физички многу помоќни од нас. Имаат добра клупа. Ние имавме некои контри што требаше подобро да ги искористиме, но таков е фудбалот. Примивме несреќен втор гол и мислам дека тогаш натпреварот беше решен – изјави Пандев.

Тој очекува, исто така тежок натпревар во второто коло против Украина.

– Сега треба добро да се подготвиме за Украина. Овој натпревар за нас ќе биде одлучувачки. Треба да играме напаѓачки, на сè или ништо. Најмногу ми е жал за луѓето кои дојдоа тука, им благодарам од срце. Ние го дадовме максимумот, се надевам дека ќе бидеме уште подобри – изјави Пандев

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...