23.9 C
Ohrid
петок, јули 30, 2021
Почетна Македонија За три години за Прилеп направивме многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за три...

За три години за Прилеп направивме многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за три мандати

Translate (Eng):[gtranslate]

Во изминатите три години, покажавме дека сме партија која си стои на дадениот збор пред граѓаните покажавме дека зборот важи и дека го исполнуваме сето она на што сме се обврзале, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески .

Тој истакна дека СДСМ е партијата која ја влече државата напред, партијата која носи добробит за сите граѓани подеднакво, додека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана и заглавена во режимската матрица.

„Социјадемократскиот сојуз на Македонија не само што е најдоброто за државата, туку„е најдоброто и за нашата општина! Ако погледнеме малку наназад, ако направиме мала ретроспектива на изминатите три – четири години, со гордост можеме да истакнеме дека постигнавме успеси на секое поле, и за државата и за општина.

РЕКЛАМА

Го исполнивме стратешкиот интерес на граѓаните, станавме полноправна земја-членка на најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот, НАТО алијансата. Денеска имаме стабилна држава, со безбедни граници. Земја во која граѓаните се чувствуваат слободно и безбедно. Донесовме серија на економски, антикризни мерки, со кои покажавме вистинска грижа за стопанството и граѓаните. Зачувавме илјадници работни места.” порача Талески.

Пратеникот на СДСМ се осврна на досега спроведените проекти што значат развој на Прилеп и прилепскиот регион.

„Кај ТИРЗ Прилеп, изградивме клучка. Капитална инвестиција, која заедно со другите инвестиции во Зоната, изнесува 6 милиони евра. Со нејзината изградба, ја подобривме безбедноста на сите учесници во сообраќајот на тој потег, а секако допринесовме и за побезбеден транспорт на стоки и услуги, обезбедивме услови за нови инвестиции во зоната и нови работни места.

Реконструиравме околу 16 километри од Регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола. Тоа прва негова реконструкција откако е изграден во далечната1964/65 година. Поставен е нов асвалт, нови банкини, нова сигнализација.

Го рехабилитиравме патот до Прилепското езеро! Таму при крај е изградбата на новиот спортско-рекреативен центар, кој го гради локалната самоуправа.

За прв пат од неговата изградба, се реконструира и патот за Мариово. Покажуваме дека мариовскиот регион е исклучително важен за Прилеп.Реконструирани се улици во сите делови на Прилеп и населените места. Се реконструира водоводната и канализационата мрежа и се гради нова секаде кадешто нема.

Заради сето ова, најодговорно тврдам дека за 3 години изградивме повеќе, отколку ДПМНЕ во 3 мандати. Покажавме одговорност, отчетност и пред се’ дека го реализираме она што сме го ветиле. За нас зборот е збор” порача Талески,се наведува во партиското соопштение..

- Реклами -