14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаИ покрај што комисијата дозволи свадби со неограничен број на гости, угостителите...

И покрај што комисијата дозволи свадби со неограничен број на гости, угостителите бараат свадби и во затворен простор

Организаторите на прослави бараат надлежните да дозволат свадби и во затворените објекти. Иако генерално се задоволни од предлогот на Комисијата, од среда на сите прослави да може да присуствуваат повеќе од 100 гости, очекуваат и рестораните без летни тераси да почнат со работа.

Комисијата предлага да се дозволи и организрање на настани, концерти и забави во отворените локали со не повеќе од 1.000 лица. Сопствениците на дискотеките тврдат дека ќе бидат запазени сите мерки и нема да ризикуваат повторно да бидат затворени.

Инаку сопствениците на рестораните велат дека интересот за свадби е голем. Цените годинава ќе останат исти, но можно благо зголемување од следната година.

Во моментов според протоколот за свадби во капацитетите треба да се присутни максимум 100 гости, на една маса можат да седат 6 лица, тие се поставени нa дистанца музичарите се исто така одалечени од масите. физички конткат е забранет, а на највисоко ниво се подигнати хигиенско санитарните мерки.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...