11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаРесторан во Белград дава попуст на сите кои на ЕП навиваат за...

Ресторан во Белград дава попуст на сите кои на ЕП навиваат за Македонија !!!

Поранешниот Вардаров голман Страхиња Милиќ – Џамбо има неверојатна понуда за сите Македонци кои живеат во Белград, но и за сите фанови на македонската репрезентација.

Имено, Џамбо во српската престолнина има ресторан за мексиканска храна, а нуди 20 % попуст за сите кои ја поддржуваат Македонија на ЕП во фудбал, како и за сите оние кои во ресторанот ќе дојдат со видливо обележје на Македонија.

Попустот, како што стои во објавата на Џамбо на социјалните мрежи, ќе важи се додека Македонија игра на ЕУРО 2020.

Џамбо замина од Вардар, но никогаш не престана да има најпофални зборови за нашата земја за која го врзуваат и еден куп пријателства. Тој во повеќе наврати има изјавено и дека периодот во Скопје му бил еден од поубавите и дека секогаш со задоволство доаѓа овде.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...