13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНикола Тасев: Србите немале да плаќаат патарина, па и ние не треба...

Никола Тасев: Србите немале да плаќаат патарина, па и ние не треба да плаќаме, цело време возиме по крш патишта !!!

Колумна на Никола Тасев:

 

Сте биле ли последниов период надвор од своето место на живеење? Сте се возеле ли по патиштата низ Македонија? Си плативте патарина нели?

Поставив неколку прашања, а всушност едно е главно: што добивте за возврат од платената патарина? Секако тука мислам и за многуте други пари што ги даваме за патиштата при регистрација на возилата, при плаќање данок… Според издвоеното насекаде требаше да има феноменални сообраќајници, нели?

 

Ама градење, проширување и репарирање на патиштата последниве години ептен скромно имаше, освен пред ТВ камери. А државното задолжување растеше секојдневно. Каде ли се трошеа парите?

 

Во нивниот филм, министрите, кои редовно си земаат плата од нас, секојдневно се фалеа со успесите што Македонија ги остварува под нивно раководење. Но, ефекти за граѓаните од нивните успеси нема.

Во тој филм гледаме и изградба на автопатишта. Ново лето е пред нас и се уште немаме одговор на старото прашање: кога раскопаниот пат кон Охрид ќе порасне во автопат. Власта вели дека на охридскиот автопат секојдневно работат преку 700 работници и 360 машини. А работниците ги нема. Можеби работат скришно само за време на полицискиот час. Машини има, но само неколку што со месеци стојат на истото место. А и раскопаните дупки се уште се на истото место.

 

Нема среќа Македонија со властите. Многу бре халуцинацираат! На претходната и се причинуваа жолти комбиња, на сегашната градење автопатишта. И се причинуваат на сегашната и инвеститори и развој на државата и народ што убаво живее.

 

Колку време им треба да го средат патот Куманово – Крива Паланка? Правен, недоправен, некаде има нов слој на асфалт, некаде стариот е изгребан и стои… чека работници. А патниците нервозни, што од чекањето „на црвено“ на десетиците семафори, што од уништувањето на автомобилите.

 

Колку време се прави патот Штип – Радовиш? Пуштаат мали делници за користење колку да не сме без ич, ама затоа пуштаат голема пропаганда дека многу градат.

Каков е патот Охрид – Ресен? Таков ли треба да остане во иднина? Да споменувам ли за ветениот пат од Скопје до Прилеп? Да споменувам ли за општинските патишта кои се крвотокот до селата. Всушност колку дупки избегнавте и на автопатишта каде плаќаме патарини?

 

Многу пропуштени работи има околу патиштата. Многу. Исто како што се пропуштаа и при набавките на вакцините кога беше најпотребно. Затоа Македонците масовно се вакцинираа во Србија. И затоа од денес Србите нема да плаќаат патарина кога ќе одат на одмор во Грција. Тоа е за поздравување!

 

А Македонците треба ли да плаќаат? Ете тоа е моето главно прашање. Ослободувањето од оваа давачка на два – три месеци би бил и гест на извинување и кон сопствениот народ за владината недоволната посветеност да се направи неопходната инфраструктура.

 

И како што ми тргна со прашања да поставам уште едно: Нормално ли е на крш патишта низ Македонија да има повеќе полицајци кои редат казни, отколку работници што крпат дупки?​

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...