4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Oд Протестант преминав во Православен Христијанин, со семејството мое имаме изградено...

Заев: Oд Протестант преминав во Православен Христијанин, со семејството мое имаме изградено повеќе од 15 цркви, сега градиме голем храм во Струмица со други бизнисмени

Во интервјуто за српси Курир, премиерот Зоран Заев, меѓу другото, открива дека во минатото бил протестант, но дека во 90-те години од минатиот век преминал во православието.

– Јас сум верник, многу голем верник. Секоја трета недела наутро одам на служба во манастирот Водоча кај Струмица, го почитувам секој православен празник.

Моето семејство изгради повеќе од 15 цркви, сега градиме голем храм во Струмица со други бизнисмени, висок 54 метри. Помогнав и во изградбата на неколку џамии во Македонија. За мене, сето тоа е божји дом – вели Заев.

– Моето семејство беше протестантско. И мајка ми и татко ми кога биле млади биле протестанти. Во раните 90-ти, сите влеговме во православната црква, двајца чичковци беа по-гребани според православните обичаи.

Јас се крстив во 1999 година, кога требаше да станам кум на мојот пријател. Веќе бевме во Православната црква, но јас не бев крстен. Се венчав во црква, моите деца беа крстени – истакна Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...