8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија зaгyби од Украина, но играчите навистина го оставија срцето на теренот

Македонија зaгyби од Украина, но играчите навистина го оставија срцето на теренот

Македонија го доживеа вториот пораз на дебитантскиот настап на Европското првенство во фудбал откако не успеавме да ја победиме репрезентацијата на Украина.

Иако игравме добро, брзите два гола во првото полувреме за Украина беа решавачки за натпреварот.

Во второто полувреме Македонија се врати во игра со гол постигнат по пенал кој беше досуден по груб страт над капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.

Младиот фудбалер Џани Алиоски го промаши пеналот, но постигна гол по одбиената топка и одбраната на украинскиот голман.

Македонија натаму имаше неколку шанси, кои завршија без реализација.

Играч на натпреварот за Македонија дефинитивно беше голманот Столе Димитриевски кој одбрани неколку тешки удари, но и пенал по играта со рака на Аврамовски.

Она што е важно е тоа што македонските играчи го оставија срцето на терен и покажаа со овој натпревар дека се достојни да играат на едно вакво натпреварување.

Веројатно притисокот си го направи своето па во првото полувреме им ги врза нозете на македонските играчи, сепак имавме достојно второ полувреме за едно вавко големо натпреварување.

Главата горе момци!

инфомакс

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...