7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПолитичари, што правиме сега? Македонците се гладни, а Гркот сака да фати...

Политичари, што правиме сега? Македонците се гладни, а Гркот сака да фати некоја пара.

„Никогаш Северна…“, „… и наше е Солунско поле“, беа само дел од песните кои ги пееја припадниците на македонската навивачка фаланга, кои останаа разочарани од поразот од Украина (1-2), втор за нашата селекција на ЕУРО 2020, но кои потоа со аплауз ги испратија своите миленици, пред се поради храбрата игра во второто полувреме во кое дури и можевме да изедначиме.

Често пеените слогани во кои се потенцира националното чувство и незадоволството од Преспанскиот договор со Грција, земјата која скоро три децении политички ни го загорчуваше животот на меѓународна сцена, сепак, не беа пречка тагата од неуспехот да се утеши со гиро од Солун. Секако, дел од нашите фанови не заминаа веднаш од Букурешт во грчкиот град во близина на границата, туку најдоа локал со името „Солун“ каде што навалија на грчкиот специјалитет.

Локалот беше претесен да ги прими Македонците облечени во дресови со знакот на ФФМ, поради кој токму Грците пред неколку дена официјално побараа да се смени бидејќи не ја содржи придавката „Северна“, која е крајно непопуларна кај најголем број луѓе во нашата држава.

Извор: sport1

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...