8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветПочина еден од најголемите пријатели на Американскиот претседател Џо Бајден-Германскиот овчар Чемп

Почина еден од најголемите пријатели на Американскиот претседател Џо Бајден-Германскиот овчар Чемп

Едно од кучињата на американскиот претседател Џо Бајден почина денеска, соопшти Белата куќа.

Бајден и првата дама Џил изјавија дека нивниот 13-годишен миленик, германскиот овчар Чемп, починал дома, пишува „Си-Би-Ес Њуз“.

„ Тој беше наш постојан, грижлив придружник во последните 13 години. Целото семејство Бајден го обожаваше. Иако силата на Чемп се намалуваше во изминатите неколку месеци, кога влеговме во собата, тој веднаш стануваше, ќе вртеше со опашката и ќе играше со нас“ се наведува во соопштението.

На крајот од денот најмногу сакаше да се свитка пред нашите нозе, но и да присуствува на состаноци или да се сонча во градината на Белата куќа, додаваат тие.

„ Во помладите денови, тој беше најсреќен додека бркаше топки за голф на тревникот на Поморската опсерваторија или додека ги бркаше внуците во нашиот двор во Делавер. Тој беше со нас во најсреќните моменти, но и во најтешките. Секогаш ќе ни недостасува“ се наведува во соопштението на Белата куќа.

Чемп е во семејството Бајден од 2008 година, а ќерките на Бајден му го дадоа името.

Семејството Бајден има и помладо куче Мејџор, кое неодамна имаше обука што ќе му помогне подобро да се запознае со животот во Белата куќа. Мајџор пред неколку месеци гризна неколку луѓе во Белата куќа

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...