21.1 C
Ohrid
среда, август 4, 2021
Почетна Македонија Артим Шаќири: Ги победивме Германците и мислевме дека сите ќе ги победиме

Артим Шаќири: Ги победивме Германците и мислевме дека сите ќе ги победиме

Translate (Eng):[gtranslate]

Натпреварот против Германија и издрибла сите, ама најмногу нè издрибла нас, бидејќи си помисливме дека ако сме ја победиле една Германија, тогаш можеме да ги победиме сите, вели поранешниот македонски репрезентативец Артим Шаќири за ТВ24.

Ние како репрезентација, не само сега, секогаш сме послободни по примен гол, потоа сме се враќале во игра, некако тоа ни е останато од порано. Точно е дека по 2-0 тактички со Украина почнавме подобро да играме. Фудбал се игра 90 минути, а не 45 минути. Од ова треба да учиме, не е доволно само што бевме на ЕП, треба да се фокусираме на квалификации за Светско. Мечот со Германија ги издрибла сите, но прво нас нè издрибла, ако можеш една Германија да ја победиш, помисливме дека можеме сите да ги победиме. Не треба да летаме, треба да сме на земја. Треба комплетна анализа. Тој меч покажа дека вредиме, но мораше да се покаже повеќе на терен. Нè опушти нас тој меч, можеби ќе се претставевме подобро со Австрија и Украина. Време беше сега да ги победиме Австријците. Вечерва со Холанѓаните ќе ни биде тешко ако тие играат со „втор состав“, тие ќе сакаат да се докажат, верувам дека добро ќе се претставиме, нема што да загубиме – рече Шаќири.

РЕКЛАМА
- Реклами -