11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонската дијаспора ја повика ЕУ да почне преговори со Македонија

Македонската дијаспора ја повика ЕУ да почне преговори со Македонија

spot_imgspot_img

Писмото е испратено во пресрет на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ на кој утре ќе се одлучува за стартот на преговорите со двете земји. Одлуката е неизвесна по најавите дека процесот може да го блокира Бугарија.

Пишува-ПЛУСИНФО

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), главна организација на македонските иселеници во САД, во писмо испратено до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ги повика земјите членки на ЕУ „по 16 години да ги исполнат ветувањата за пристапување на Македонија во ЕУ“.

Писмото е испратено во пресрет на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ на кој утре ќе се одлучува за стартот на преговорите со двете земји. Одлуката е неизвесна по најавите дека процесот може да го блокира Бугарија.

– Преземајќи го овој важен чекор, земјите-членки ќе обезбедат вредностите на слобода, рамноправност и братство да одекнуваат од Бретања до Црното Море – се вели во обраќањето на ОМД.

ОМД ја оценува како „охрабрувачки знак и ја поздравува поддршката дадена од американскиот Стејт департмент за евроинтеграцијата на Албанија и Македонија да продолжи без одлагање“.

– Време е Македонија да се најде цврсто внатре во семејството на ЕУ како значаен фактор за понатамошна стабилизација во Југоисточна Европа – коментира претседателот на ОМД, Мето Колоски.

Копретседателот Стојан Николов истакна дека „покрај повеќето постигнати голови за време на европското фудбалско првенство ЕУРО 2020 овој месец, ЕУ има посебна можност да постигне историски гол во правењето чекор напред со одобрување на пристапните преговори за Македонија. Членството на нашата земја во ЕУ ќе биде втор од двата клуча за решавање на вековното „македонско прашање“, а првиот клуч е членството во НАТО, постигнато во март 2020 година, со договор и охрабрување на огромното мнозинство на земји-членки на ЕУ, како и САД и Канада“.

Во писмото се истакнува и дека гаранцијата дека земјите во Југоисточна Европа ќе останат на патот на евроинтеграцијата и полноправно членоство ќе биде важен чекор за да се осигура дека ЕУ нема да биде поткопана од внатрешен конфликт или судир и закана по безбедноста внатре или долж нејзините граници, како од страна на Русија, така од страна и на кампањата за влијание на Кина.

– Проширувањето на стабилноста во Југоисточна Европа со додавање на Албанија и Македонија ќе им помогне на овие земји да останат на зацртаниот курс, со тоа што ќе се направат демократските и општествените реформи неопходни за нивниот иден успех и за намалување на криминалот. Зајакнувањето на одбранбениот чадор обезбеден од членството во НАТО со управните и судските реформи што одат со членството во ЕУ, како и придобивките од финансирањето на инфраструктурата од ЕУ-фондовите, ќе ги обезбедат многу потребните столбови за поддршка на овие земји и ќе ги подготват да придонесат за споделување на товарот на европската иднина. Заедно, членството во НАТО и ЕУ ќе обезбеди овие земји да бидат заштитени од руско мешање во демократскте процеси, како што веќе се случи неколкупати во регионот – се вели во писмото до Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел.

– Разочарувачки е да се слушнат одгласите од далечното минато како повторно одекнуваат низ целиот регион. Историски гледано, Македонија е „јаболко на раздорот“ за соседните држави. Тажно е што една земја-членка, Бугарија, го користи своето вето за да ги блокира легитимните аспирации на Македонија за членство во ЕУ во врска со прашања поврзани со историјата, јазикот и малцинските права. Процедуралното вето што го блокира патот кон европската интеграција треба да биде минато. Да се ​​прифати присилното наметнување на етно-национални наративи на соседна држава значи да се поткопа самата стабилност што ЕУ сака да ја создаде – велат Колоски и Николов.

Тое додаваат дека „ниту една нација не платила повисока цена или не била подолго на пат за интеграција во евроатлантските структури, и покрај подготвеноста утврдена со години наназад за влез во НАТО и ЕУ, како што потврдија обете организации.

Имајќи ги предвид предизвиците во Југоисточна Европа за градење влади со учество на етнички малцинства, жално е што не се стори повеќе од партнерите надвор од регионот за да се негуваат и да се поддржуваат последователните македонски влади и да се спречи надворешните сили да ги поткопуваат овие влади. Со децении, функционира влада со значително учество на партии од етнички Албанци. Македонија, исто така, ги промовира своите избори со употреба на шест јазици: македонски, албански, српски, турски, ромски и влашки – уште еден пример за нејзино промовирање демократија и етничката различност, што е пример за регионот.

Понатаму, се доадава дека „Македонија не е „далечна земја за која малку се знае“. Сите нејзини соседи се членки или аспиранти на ЕУ. Архивите на министерствата за надворешни работи на земјите во ЕУ се полни со дипломатско известување за периодот на османлиите кога се водела борба за македонските права и слободи. Заради иден мир и достоинство, европските метрополи не смеат да замижуваат пред исклучувачките политики базирани на етничка основа во регионот. Која е поуката од зголемениот број на нелиберални влади кои го коиста шовинизмот за унапредување на краткорочните политички цели и поткопување на демократските норми“?

Водечките европски влади мора да дејствуваат за да ја обезбедат историската мисија на ЕУ за демократски вредности во нејзините граници, и тоа да се постигне што е можно брзо, вклучително и во Западен Балкан, а тоа ќе значи дека плуралистичките вредности нема да бидат заменети со реваншизам и шовинизам, велат авторите на писмото.

– Со договар за почеток на пристапните преговори со Албанија и Македонија, министрите на ЕУ би презеле историски важни чекори во обезбедувањето трајна стабилност на Југоисточна Европа, наспроти зголемените закани по плуралистичките општества и зајакнувањето на својот авторитет како бранител на човековите права низ целиот свет – се вели во писмото на ОМД.

Извор:ПЛУСИНФО

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...