10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаОд 1-ви Јули ќе почне издавање на пасоши со "Северна"

Од 1-ви Јули ќе почне издавање на пасоши со “Северна”

Од почетокот на наредниот месец, односно 1-ви јули, ќе почне издавањето на патни исправи со името Република Северна Македонија, потврдиле од МВР.

“Што се до однесува за прашањето за рокот на важење на личните документи (лични карти, пасоши и возачки дозволи) со старото име, истите ќе важат согласно законската регулатива и тоа пасошите и возачките дозволи ќе треба да се заменат најкасно до 12.02.2024 година, додека за важноста на личните карти ќе бидете накнадно известени затоа што Законот за лична карта се уште е во собраниска процедура”, велат од МВР за Фокус.

Според некои неофицијални наводи, надградбата на системот за лични документи која се правеше пред неколку недели, била токму поради имплементирање на новото име.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека нема застој во издавањето на лични документи, туку е зголемен обенот на побарувачка поради ковид-кризата.

“Лични документи се издаваат и сега, едноставно имаше зголемен обем на побарувачка поради ковид-кризата, многу од луѓето не виделе дека им истекува рокот на важноста на личните докуемнти. Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем за издавање документи, тоа е процедура којашто мораме да ја завршиме, бидејќи на тоа не обврзуваат и законите и Уставот и веќе од понеделник повторно започнуваме со нормално функционирање. Застојот ќе биде во четврток, петок и викендов”, вели Спасовски, пренесува “360 степени”.

 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...