27.9 C
Ohrid
сабота, јули 31, 2021
Почетна Македонија Вучиќ: Не е фер што Македонија и Албанија не добија датум за...

Вучиќ: Не е фер што Македонија и Албанија не добија датум за преговори

Translate (Eng):[gtranslate]

„Мислам дека одлуката не е фер кон Македонија и Албанија. Србија со нив има пријателски односи“, изјави Вучиќ.

Тој најави дека на 29 јуни ќе биде организирана видео конференција со македонскиот премиер, Зоран Заев и албанскиот премиер, Еди Рама.

„Би сакал да објавам дека на 29. ќе имаме важна видео-конференција со премиерите на Северна Македонија и Албанија. Во рамките на нашата регионална иницијатива, која многумина ја нарекуваат „мини Шенген“, продолжуваме да ги подобруваме нашите односи. Веруваме дека ќе донесеме конечни одлуки за заедничко дејствување против природни катастрофи на територијата на нашите земји. Верувам дека заедно ќе овозможиме проток на добра, капитал, луѓе и услуги, а она што е од големо значење за нас е таканаречениот систем на работни дозволи, каде што оној што ќе добие дозвола на територијата на една од овие три земји ќе има работна дозвола за секоја од земјите, што е од голема важност“, истакна Вучиќ.

РЕКЛАМА
- Реклами -