6.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаЗабаваЕмилија: Кога возам со моето Фиќо мажите извикуваат, те молам омажи се...

Емилија: Кога возам со моето Фиќо мажите извикуваат, те молам омажи се за мене..

За едно од најпопуларните возила во некогашна Југославија, добро познатото „фиќо“ и понатаму има голем број на приказни, а некогаш ова беше и многу вреден мираз. Сепак, со оглед на тоа што времињата се менуваат „фиќо“ стана вистински раритет, па оттаму Емилија Тодоровиќ од Ужице во идниот брак ќе внесе многу голема вредност. Таа е вистинска атракција со својот жолт убавец.

Емилија, која има 28 години, вели дека и требало доста време од автоматски да се префрли на рачен менувач, но и дека сега ова возило не би го менувала ниту за еден друг модерен автомобил.

„Ми требаше многу трпение, а особено на мојот татко кој се возеше со мене и одговараше на сите мои прашања. Сега толку многу се навикнав што не знам дали би можела да возам некој понов автомобил“, вели Тодоровиќ.

Падна и понуда за брак

Таа вели дека нејзините сограѓани имаат само пофални зборови, а поради возењето на овој автомобил неодамна падна и една необична понуда за брак.

„Бев на семафор, но морав малку да се вратам во рикверц бидејќи се изгаси зленеото светло за мојот правец, а потоа ми пријде еден господин, претпоставувам дека му е необично млада жена да вози фиќо и уште без грешка да уфрли во рикверц бидејќи на овој жолтко е малку посложена работа и потоа од сред улица извика – Омажи се за мене“!

Во семејството од 1979 година

Овој автомобил има веќе 42 години. Во семејството Тодоровиќ стигнал ненандејно и како секоја принова имал посебен третман и поради тоа уште е во добра состојба.

„Во нашата куќа пристигна во 1979 година бидејќи на моето семејство му беше неопходен автомобил. Нарачавме „лада 1600“, но во тоа време се чекаше долго автомобилот да пристигне кај нас. Нас многу ни беше потребен автомобилот, па татко ми отиде во Севојно и зема фиќо, но се погоди така што и ладата пристигна во брзо време. Татко ми главно го возеше поголемиот автомобил, а јас како и многумината млади тогаш фиќото и она што е најважно во зима никогаш не е возено туку секогаш паркирано во гаража“, вели таткото на Емилија, Предраг Тодоровиќ.24Auto.Mk

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...