9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЗајкова: Политичарите во Македонија треба да застанат на чело за ПАРАДАТА НА...

Зајкова: Политичарите во Македонија треба да застанат на чело за ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА.

Пратеничката од редовите на ЛДП, Моника Зајкова, во вечерашната дебата на „360 степени“ рече дека политичарите се тие кои први треба да дадат поддршка за унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата и ги повика утре да излезат на Парадата на гордоста во Скопје.

Зајкова, е член на интерпарламентарната група за поддршка на ЛГБТИ луѓето и вели дека, иако со бебешки чекори, сепак промени се случуваат.

„Луѓето чудно ги разбираат работите, кога ќе им кажете ЛГБТИ заедница, се шири говор на омраза, но кога индивидуално ќе им посочите некој кој е припадник на оваа заедница, велат да тој е супер човек немам ништо против тоа. Јас имам многу пријатели од ЛГБТИ заедницата на кои навистина не им е лесно во Македонија и мене навистина ме боли кога гледам дека тие сè уште се дискриминирани. Затоа, сметам дека политичарите треба да дадат поддршка на оваа Парада, затоа што ние сме избраници за интересите на граѓаните, а не за она што нас индивидуално нè засега или не нè засега“,

вели Зајкова.
Според неа, потребно е да се креира законодавство кое ќе дава еднаквост во обврските и правата на граѓаните, а не кое ќе создава правни разлики.

„Еднаквост треба за финансиските права, наследни права, здравствени права, социјален статус…Значи, потребна е еднаквост пред законот за сите, како што љубовта е љубов за сите“,

рече Зајкова.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...