6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветЗа малку избегната тепачка меѓу Вучиќ и четири српски опозиционери. (Видео)

За малку избегната тепачка меѓу Вучиќ и четири српски опозиционери. (Видео)

Во зградата во која е сместен кабинетот на претседателот на Србија се случил вербален инцидент, кој за малку можел да прерасне во физичка пресметка, откако делегација на партијата на Вук Јеремиќ, предводена од него, побарала прием кај Вучиќ, кој вчера ги повикал да дојдат и да ги одмерат силите со него.

Јеремиќ вели дека тој и членовите на раководството на неговата партија, Мирослав Алексиќ, Владимир Гајиќ и Борислав Новаковиќ, одговориле на поканата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој во текот на вчерашниот ден им порача дека ги очекува на пресметка и дека тој самиот ќе излезе на крај со нив.

„Тој мислеше дека ние ќе се исплашиме. Ние дојдевме да го прашаме дали е нормален штом ги повикува граѓаните и политичките противници за да ги тепа. Самиот се појави на пријавницата. Беше видно вознемирен и се тресеше. Опкружен со своето лично обезбедување, нервозно ми се внесе в лице. Викаше ‘ајде, удри ме’. Јас го повикав да излезе надвор од зградата, ама тој за тоа нема храброст. Почна да ме навредува со примитивен, уличарски речник. Го прашав дали е подготвен да се соочиме на ТВ-дуел на РТС. Експлицитно, пред сведоци рече ‘не’“,

изјави Јеремиќ по инцидентот.

За разлика од Вучиќ, кој според опозиционерите бил неурамнотежен, членовите на протоколот биле достоинствени, на ниво на институцијата во која работат.

Од партијата на српскиот претседател тврдат дека Јеремиќ и неговите соработници се обиделе да изведат неуспешен маркетиншки маневар.

„Јунаците на оваа комедија не очекуваа дека претседателот Вучиќ сам и без обезбедување ќе излезе пред нив и дека ќе ги детонира. Тие му се закануваа и кажуваа лаги за претседателот и неговото семејство, а се парализираа од страв кога Вучиќ им ‘излезе на црта’“,

велат од СНС, партијата чиј лидер е српскиот претседател.
Од кабинетот на Вучиќ нема никаков коментар, ниту официјално соопштение за инцидентот што се случил во зградата во која се наоѓаат работните канцеларии на шефот на српската држава.

360 СТЕПЕНИ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...