23.9 C
Ohrid
петок, јули 30, 2021
Почетна Австралија Двонеделен карантин во Сиднеј заради брзо ширење на индискиот сој

Двонеделен карантин во Сиднеј заради брзо ширење на индискиот сој

Translate (Eng):[gtranslate]

Сиднеј воведе двонеделен карантин поради ширењето на индискиот сој на корона вирусот. Здравствените власти  регистрираа 80 случаи на индиската мутација  во изминатите денови,  по што ги вратија рестрикциите во најголемиот австралиски град.

Првично мерките беа воведени за повеќе од милион луѓе во централните и источните делови но денеска властите ги проширија на целиот град и околните области. Се верува дека вирусот се проширил од познатата плажа Бонди.  Ова е прв карантин и прво значајно ширење на коронавирусот во Сиднеј од декември.

 

РЕКЛАМА
- Реклами -