23.3 C
Ohrid
среда, август 4, 2021
Почетна Македонија По гласините дека е во болница, се огласи и Бора Чорба: Концертот...

По гласините дека е во болница, се огласи и Бора Чорба: Концертот во Скопје не смее да биде одложен.

Translate (Eng):[gtranslate]

Откако српските медиуми објавија дека доцна синоќа Бора Ѓорѓевиќ итно бил хоспитализиран во Белградскиот центар за итни случаи со брза помош, хронтменот на Рибја Чорба објави видео каде вели дека сè е во ред со неговото здравје.

„Секако дека сè е во ред. Ние сме спремни и едвај чекаме да свириме и настапуваме“, вели во видеото, алудудирајќи на тоа дека здравствената состојба му се стабилизирала.

Аволон ја поврди информацијата дека утре екс-југословенската група Рибја Чорба доаѓа во Скопје. Тие испратија официјално соопштение преку социјалната мрежа Фејсбук.

РЕКЛАМА

„После информациите што предмалку изглегоа во неколку медиуми дека фронтменот на “Рибља Чорба”, Бора Ѓоргевиќ наводно бил итно хоспитализиран, Ви упатуваме еден поздрав лично од Бора и ве очекуваме сите утревечер во 21 часот на двочасовен рокенрол! Како што може да забележите, вечерва бендот настапува во Крагујевац, а утревечер ни доаѓа во Скопје, по што продолжуваат со својата турнеја во повеќе градови низ Балканот!“, стои во соопштението.

- Реклами -