5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДали навистина владата се грижи за нашето здравје, со воведувањето на еколошката...

Дали навистина владата се грижи за нашето здравје, со воведувањето на еколошката такса, или ова е само за полнење на буџетот?!

Загадувачот плаќа ама и државата му враќа. Транспортерите се чувствуваат изневерени од Владата. Велат инвестираат во камиони со високи еколошки стандарди, а државата ги казнува со дополнителни давачки. За разлика од нив, трговците со црвена нафта која е многу поголем загадувач добиваат поврат на акцизата во износ од 6 денари за литар.

Од Макам транс вчера се сретнале со вицепремиерот Битиќи за да разговараат за еколошката такса која наскоро ќе почне да се применува. Побарале ако веќе мора да плаќаат тогаш со тие пари да им се помогне да го обноват возниот парк со нови, еколошки возила. Договор не е постигнат затоа што намерата на Владата е со над 50 милиони евра од зелената такса да инвестира во обновливи извори на енергија и зелени работни места.

За ВМРО ДПМНЕ зелената такса е кризен данок кој ќе ги направи горивата во земјава енормно скапи затоа партијата ќе го блокира носењето на законот.

„Ако едно семејство кое има 1 автомобил и месечно трошело еден резервоар гориво, некаде околу 40тина литри, со покачувањата кои што ги наметнува Зоран Заев, истото тоа семејство сега за гориво месечно одвојува во просек повеќе од 600 денари од она што плаќал претходно. Само да потсетам дека радиодифузната такса која што ја укина Зоран Заев затоа што била скапа за граѓаните чинеше 190 денари. Е сега истите тие 190 денари кои што им ги укина Зоран Заев тродупло им ги зема овие пари на граѓаните, и тоа само по еден автомобил, а има семејства кои што имаат и по два автомобили“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ и денеска повторуваат дека борбата со загадувањето чини пари и дека поскапо е државата да се справува со последиците од загадувањето

„Ова не е кризен данок како што лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Овие такси ќе бидат наменети исклучиво за зелени инвестиции и зелени работни места. Тоа ќе придонесе за раст на економијата и за почиста животна средина. На овој начин дополнително го унапредуваме енергетскиот сектор, затоа апелираме сите пратеници во Собранието да покажат одговорност и да застанат зад законските измени кои носат придобивки за државата, за енергетиката, за животната средина и квалитетот на живот на сите граѓани“, вели Каја Шукова, претседателка на Комисија за екологија на СДСМ.

Горивата во земјава од стартот на корона кризата е оптоварена и со дополнителна акциза. Таа ќе биде укината кога цената на светските берзи ќе надмине 600 долари за тон.

Сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...