6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДоста беше измачување: Над 3000 луѓе бараат затворање на Зоолошката градина во...

Доста беше измачување: Над 3000 луѓе бараат затворање на Зоолошката градина во Битола

Пред 2 дена, на платформата „МојГрад“ се појави петиција за затворање на Зоолошката градина во Битола, која досега ја поддржаа повеќе од 3000 лица.

Како што се наведува во описот на петицијата, , Зоолошката градина во Битола ниту е соодветно ниту е хумано место за животните кои живеат мизерно во кафези и негрижа, а како решение е понудено пренасочување на животните во живеалишта во кои ќе имаат услови за нормален живот.

„Ако нема услови за животните, треба да се затвори, не само зоолошката во Битола, туку и многу други“, „Тоа е концентрационен логор за животни, под итно да се затвори, уште повеќе што поголемиот број Битолчани немаат никакви чувства за животните“, „Ова не е зоолошка ова е мачилиште за животните, мизерија и срам за градоначалникот на Битола“, се само дел од коментарите на граѓаните кои ја поддржуваат иницијативата.

Во меѓувреме, покрај големиот број на гласови „да“, против овој предлог гласале повеќе од 20 граѓани.

Во петицијата исто така се потенцира дека резултат на затворањето би било едуцирање на граѓаните и идните генерации за моралните вредности, во однос на тоа што е хумано, но и на кој начин тие треба да се грижат за животните и средината во која живеат.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...