13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Една од најголемите инвестиции во Македонија, е фирмата за кочници со...

Заев: Една од најголемите инвестиции во Македонија, е фирмата за кочници со ликот на Мицкоски !!!

Имаме инвестиции, насекаде, но имаме и една во последните неколку месеци и една инвестиција која се случува близу Собранието, тоа е инвестиција во гуртни, во блокови, во кочници, на нив стои амблемот на ВМРО-ДПМНЕ и ликот на Христијан Мицкоски , а на амбалажата пишува „Најголеми кочници на светот” порача претседателот Зоран Заев на трибината во Дебар, надоврзувајќи се на обраќањето на пратеничката на СДСМ Белкиса Зеќири која ги наведе блокадите што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да и ги направи на државата.
„Но и тие кочници ќе ги разбиеме, затоа што сме паметни и искрени во намерите. Не може да ги закочат процесите за единствениот Клинички центар во државата, да ги закочат новите инвестции на американскиот „Бектел” кој треба да ги изгради останатите делници од автопатите во државата, од Тетово до Гостивар, од Гостивар до Кичево и автопатско решение Струга – Ќафасан. Се обидуваат да ги закочат сите проекти, но нема да им дозволиме, затоа се што правиме е во интерес на граѓаните. Клиничкиот центар сигурно ќе биде под 500 милиони евра, прашање е дали ќе го изградиме или не. Им понудивме иако се опозиција да имаат мнозинство во управувањето на градбата на центарот и до ден денес тие ја блокираат изградбата” порача претседателот Заев, повикувајќи го министерот за здравство да не се откажува од овој проект затоа што коронакризата покажа колку се важни инвестициите во јавното здравство.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...