4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Јас сум голем економист, за четири години платите ги покачивме за...

Заев: Јас сум голем економист, за четири години платите ги покачивме за цели 100 евра..

За овие четири години, СДСМ презеде низа одлучни чекори кои донсеа еднаквост, интеграција, напредок, но и подобар економски стандард за сите, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар.

Заборавивме дека пред четири години минималната плата беше 9.000 денари, беше потценета, денес таа е 15.284 денари, тоа е минимална плата, но таа минимална плата направи притосок за покачување на сите плати.

Просечната плата од 22.500 е 28.480 денари, покачена е за скоро 6.000 денари.

И продолжуваме понатаму, новите мерки не водат до таму како да обезбедиме повеќе пари за граѓаните.

Денеска Северна Македонија е стабилна држава, ликвидна, финансиски солвентна и може да се натпреварува со економиите од земјите од регионот.

Претседателот Заев се осврна и на странските инвестции и нивната улога во растот на економијата и намалувањето на стапката на невработеност.

Имаме 34 инвестиции, компании од сите индустрии кои отворија свои капацитети овде ширум државата.

Во моментов, преговараме со 30 нови компании кои отвораат над 15.000 работни места.

Кога ја презедовме власта стапката на невработеност беше 26 отсто, денес таа изнесува 16 отсто и правиме се за уште повеќе да се намали и се надевам дека уште оваа есен ќе имаме капацитетност на сите млади да им понудиме веднаш да тргнат на работа“ посочи претседателот Заев додавајќи дека и во време на коронакризата, се спасија работни места, платите не се намалија туку напротив, тие растеа, а пензиите се исплатуваа дури и пред време.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...