5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветOставка од Британскиот министер за здравство, наместо да држи дистанца тој ја...

Oставка од Британскиот министер за здравство, наместо да држи дистанца тој ја фаќал за задникот неговата советничка.

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, поднесе оставка откако се најде во центарот на скандал поради кршење на мерките за одржување на физичко растојание, откако се појави видео на кое се гледа дека разменува прегратки и страсни бакнежи со својата главна советничка.

Од Даунинг стрит ја испратиле оставката на Хенкок до премиерот Борис Џонсон.

Мет Хенкок претходно призна дека ја прекршил мерката за физичко растојание, кратко откако во медиумите се појавија фотографии и снимки на кои тој се бакнува со својата колешка, Џина Коладанџело.

„Прифаќам дека ги прекршив упатствата за социјална дистанца во овие околности. Разочарав многумина и многу ми е жал”, рече Хенкок, цитиран од медиумите.

Хенкок е во брак 15 години и има три деца, а Коладанџело минатата година добила позиција советник, во услови на пандемска криза.

Опозициската Лабуристичка партија претходно побара од премиерот Борис Џонсон да го разреши Ханкок, оценувајќи дека неговото останување на функцијата е неодржливо.

Ханкок рече дека ги изневерил луѓето и дека многу му е жал заради фотографиите со неговата соработничка, што тој самиот ја назначил на позицијата во министерството.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...