21.1 C
Ohrid
среда, август 4, 2021
Почетна Македонија Петличковски: Никогаш нема да има колективен имунитет против Ковид-19

Петличковски: Никогаш нема да има колективен имунитет против Ковид-19

Translate (Eng):[gtranslate]

Александар Петличковски, директорот на Институтот за имунологија, не сака да прогнозира кога точно ќе заврши пандемијата, водејќи се од ланското искуство. Тој во Дневникот на ТВ Сител рече дека сепак нема место за таков бран како оној ланскиот кога заврши летото.

„Мал дел отпаѓа на имунизираност и прележана болест, но и условите не му одговараат, а може и да има нешто во вирусот што го прави таков“, вели Петличковски на прашањето зошто Ковид-19 слабее на лето.

Вели дека пред една и пол година предвидувањата, односно пресметките биле дека 60 отсто имунизирани преку вакцина или природен пат се потребни за колективен имунитет, но дека сега прагот е кренат до 85 проценти за вирусот да нема каде да се шири.

РЕКЛАМА

„Колективен имунитет не е возможен, има појава на нови соеви, а покрај тоа никогаш нема да постигнеме 100 отсто вакцинираност. Дополнително, има луѓе кои не пристапуваат кон втората доза. Затоа, тоа реално нема да се случи“, додава тој.

Петличковски вели дека сите вакцини обезбедуваат во многу студии 100 отстотна заштита од смрт и од форми на тешка болест.

„Сакаме болеста ковид да ја направиме предвидлива и лесна. Оние вакцини кои ги имаме треба да ги искористиме бидејќи си ги зголемуваме шансите ако се разболиме тоа лесно да го поминеме“, рече Петличковски.

За кинеските вакцини вели дека подоцна ги создаваат подоцна антителата, но дека не штитат од тешка форма на евентуална болест. Петличковски вели дека и вакцинирањето на децата „ќе затвори уште една врата за вирусот“.

„Ако имаме една возрасна група, вирусот ќе може да проциркулира неколку месеци и повторно ќе се врати кај имунизираните, затоа мислам дека е добро да се затвори и таа врата, со вакцинирање кај помладите. Колку повеќе време вирусот циркулира и опстојува во природата, толку поголеми се шансите да се врати“, тврди докторот.

- Реклами -