23.3 C
Ohrid
среда, август 4, 2021
Почетна Свет Разбојник од групата „Пинк Пантер“ по грешка убил градоначалник во Швајцарија

Разбојник од групата „Пинк Пантер“ по грешка убил градоначалник во Швајцарија

Translate (Eng):[gtranslate]

Државјанин на Србија (44) е осуден на 19 години, додека Холанѓанец со српско потекло (41) е осуден на 17 години затвор за убиството на Иво Борер (77), поранешниот градоначалник на швајцарскиот град Мецерлен.

-Луѓето осомничени од швајцарските власти дека се членови на криминалната банда „Пинк Пантер“, според пресудата, упаднале во куќата на овој локален политичар на 14 март 2010 година, кога го претепале и го оставиле да лежи во базенот на крва, а починал четири месеци подоцна – се вели во соопштението.

Целото судење се одвивало на скриена локација поради безбедносни причини. Адвокатите на осудениот Србин се незадоволни од пресудата и тврдат дека се направени големи пропусти во докажувањето на вината.

РЕКЛАМА

“Целокупната доказна постапка се засноваше на шал на кој беше пронајдена ДНК на мојот клиент. Никој не ја забележа тој шал за време на обработката на местото на злосторството, а врз основа на тоа, мојот клиент беше поврзан со грабежот во Ветинген”, рече адвокатот на осудениот Србин.

Токму овој грабеж на продавницата за луксузни часовници ги поврза осудениците со злосторството во Мецерлен. Истата ДНК е пронајдена во таа продавница како и во куќата на убиениот Борер.

“Разбојниците се претставија како клиенти. Двајца беа во самата продавница, и мислам дека еден чекаше во автомобилот пред него. На едниот од нив му беше врзан пиштол на ременот. Тие беа мирни, вистински професионалци. Ги спакуваа сите часовници во една вреќа“, рече жена која сведочеше на судењето.

Извор: Слободен Печат

- Реклами -