11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонија(Видео) Џафери прозборе албански на самиотот во Брисел при што го прекрши...

(Видео) Џафери прозборе албански на самиотот во Брисел при што го прекрши членот 7 од Уставот?

Претседателот на парламентот на Република Македонија, Талат Џафери, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“, се обрати на албански јазик пред Комитетот за надворешни работи, иако според уставниот амандман 5 од 2001 година на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. На Самитот во Брисел, покрај Џафери,  учествуваат и претседатели на парламенти од Словенија, Португалија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија. Повеќето од нив се обратија пред Комисијата за надворешни работи на службените јазици на нивните држави, така што пред овој форум единствено не можеше да се слушне обраќање на македонски јазик, пренесува 360степени.

„Доколку сме перципирани како регион што произведува повеќе историја отколку што може да ја консумира, не смееме да дозволиме таа историја да ја проголта иднината на новите генерации, за кои главните животни постулати се базираат на развиена економија, повеќе работни места, дигитална технологија, здрава животна средина, образование и иновации, слободен проток на лица, капитал и услуги…“ изјави Џафери, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

„Македонија во изминатата декада се најде во еден исклучително сензитивен период, на внатрешен и на надворешен план. Во однос на европските интеграции, земјата постигна импресивен напредок во приоритетните области, кој од темел промени одредени сектори во нашето општество и значително ги унапреди односите со соседите за надминување на отворените прашања. Нивното решавање бараше дипломатичност, смиреност и отстапки кои беа поздравени од сите наши стратешки пријатели во ЕУ и САД. Таа посветеност придонесе за добивање зелено светло од страна на Советот на ЕУ за почнување преговори за членство. За жал, наместо преговори сега се соочуваме со застој заради одредени билатерални барања. Наш став е дека договорната рамка со Бугарија дава соодветна основа за понатамошна соработка и ние сме подготвени за надминување на ситуацијата согласно меѓународните стандарди. Истовремено, сакам да нагласам дека овие случувања не треба да имаат влијание на отворање на преговорите за членство“, нагласи Џафери пред своите колеги од Западен Балкан, на состанокот на Комисијата за надворешни работи.

Иако Законот за употреба на јазиците ја унапредува употребата на албанскиот јазик на територијата на целата држава, македонскиот јазик останува службен јазик на државата во меѓународната комуникација, како што е предвидено со Уставот. Според членот 7 од македонскиот Уставна целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, но тоа не го спречи Џафери да се обрати на албански јазик.

Во кратка изјава за „360 степени“, Џафери денеска од Брисел појаснил дека зборувал на албански јазик единствено пред Комисијата за надворешни работи, а за остатокот од посетата на Брисел ги упатил да се обратат со своите прашања до накедонскиот амбасадор.

„Вие сте го гледале само состанокот на Комисијата. А што станува со пленарната сесија? Во Брисел сум, не ме малтретирај, имате амбасадор тука, па прашајте како сум зборувал“, рече Џафери.

На неговото излагање, Мекалистер возврати: „Најголемиот дел од ЕП го поддржува процесот на преговори со вашата земја и со Албанија, но ние не сме тие што донесуваат одлука“.

Пред заминувањето на Џафери за Брисел, од Собранието соопштија дека Самитот на претседатели на парламенти ќе се осврне на зајакнувањето на парламентарната соработка во процесот на проширување, како и на фундаменталната улога на парламентите во процесот на проширување на ЕУ во постковид-периодот и нема да биде отворен за јавноста. Беше соопштено и дека е предвидено Џафери да се обрати на Самитот.

Видеото од состанокот на АФЕТ и излагањето на Џафери можете да го погледнете ТУКА.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...