8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Во септември ќе има попис и воопшто не ми е гајле...

Заев: Во септември ќе има попис и воопшто не ми е гајле колку се Македонци, Албанци, Турци

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар нагласи дека периодот пред нас носи сериозни предизвици, а тоа се вакцинацијата, пописот и јакнењето на економските инвестиции.

Да продолжиме со вакцинација, сите да се вакцинираме, со тоа го штитиме своето здравје и здравјето на нашите роднини и пријатели. Ова зло не е искоренето, но ние сакаме да биде под контрола, како сега да можат децата наесен одат научилиште, рече претседателот Заев.

Во септември ќе направиме попис на граѓаните, на еднакви граѓани, на сите, и воопшто не ми е гајле колку се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, тоа се граѓаните на Северна Македонија, истакна Заев додавајќи дека во периодот пред нас следува поттикнување на важни економски процеси.

Отворивме интервентен план за инвестиции, кој е димензиониран насекаде низ државата. На една милијарда од ЕУ, која и припаѓа на Северна Македонија додадовме уште 7, со кои ќе го дигнеме севкупниот економски стандард на државата, нагласи претседателот Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...