10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонска работа: Им кажал дека се ослободени од работа, па потоа ги...

Македонска работа: Им кажал дека се ослободени од работа, па потоа ги избркал бидеќи не дошле на нивните работни места !!!

Вработените во штипска „Баргала“, која е најголемиот производител за кожарски производи, живеат вистинска голгота уште од почетокот па пандемијата, а покрај неисплатените плати, иако државата ги субвенционираше, сега повеќе од 100 работници добија и отказни решенија. Отказните решенија вработените ги добија со објаснување оти не доаѓале на работа, но работниците велат оти фирмата од 27 март воопшто не работи, бидејќи ставот на сопственикот бил јасен – „нема работа, нема плата, седете си дома, кога ќе има потреба ќе ве повикаме“, пишува Слободен печат.

Вработен во „Баргала“ со повеќе од 20 години работен стаж во оваа фирма за „Слободен печат“ раскажува низ што минуваат работниците таму, а иако вели оти веќе нема што да загуби, сепак побара да остане анонимен.

– Минатата година државата започна да дава помош поради корона-кризата за месеците март, април и мај, во тој период ние одевме на работа, но не ги добивме целосно парите што на сопственикот му беа доделени од државата. Ни поделија по 11.000, што е помалку од 14.500 денари, колку што беа предвидени за помош на фирмите. По реакциите на вработените, а во договор со текстилниот синдикат и со „Гласен текстилец“, сопственикот се согласи парите да ни ги пушта етапно, почнувајќи од август 2020 година, па сѐ до мај 2021, но тоа не се случи – ја започнува својата приказна овој работник во „Баргала“.

Се надевале дека кога-тогаш ќе ги земат парите од платите кои им ги должат.

– Ние и покрај тоа се надевавме дека ќе ги добиеме парите, си велевме, ајде, барем одиме на работа, ќе имаме за корка леб. Почнавме да работиме само за домашен пазар, опаѓаше работата за странските фирми… Потоа, на 27 март годинава ни соопштија дека ќе мораме да останеме дома, бидејќи нема работа. Од тој ден не сме земале ни денар – раскажува тој.

Веќе три месеци „Баргала“ воопшто не работи, нема повик од сопствениците за евентуално враќање на работа, па поради тоа кон почетокот на јуни, поголем дел од работниците се собраа пред компанијата за да бараат одговори, а наместо тоа по неколку недели добија откази.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...