9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаНатпреварувачите на „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид освоија 9 медали во Пловдив...

Натпреварувачите на „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид освоија 9 медали во Пловдив Бугарија.

Натпреварувачите на „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид викендов на Меѓународниот таеквондо турнир од А класа на ИТФ „Бугарија опен” во Пловдив освоија 9 медали – 1 златен, 2 сребрени и 6 бронзени медали.Нема достапен опис

 

Освојувачи на медали се:Нема достапен опис

Михаил Јоноски – златен медал спаринг-борби , деца 12-13 год -60 кг

Христијана Парулеска – сребрен медал спаринг-борби, девојчиња 12-13 г. -40 кг

Никола Балчески – сребрен медал спаринг-борби , јуниори 14-17 год -55 кг

бронзен медал – 6-5 куп (зелен појас) јуниори 14-17 год

Давид Велковски – бронзен медал спаринг-борби, сениори 18-39 год – 71 кг

Божидар Димитриевиќ – бронзен медал спаринг-борби , јуниори 16-17 год +75 кг

-бронзен медал 1 дан (црн појас) јуниори 16-17 год

Давид Крстески – бронзен медал 1 дан (црн појас) јуниори 14-15 год

Марио Крстески – бронзен медал 2-1куп (црвен појас) јуниори 14-15 год

Ова беше прв меѓународен таеквондо ИТФ натпревар во живо на овие простори по нецели две години со учествуво на околу 400 натпреварувачи од 7 земји (Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија). Сите беа со најдобрите поединци, за да ја проверат формата, со надеж за учествуво на Европското првенство, доколку е се во ред, кое треба да се одржи од 25-31 октомври во Хераклион на Крит годинава.

„Во текот на оваа пауза се трудевме да го одржиме натпреварувачкиот дух и добрата подготвеност на натпреварувачите, при што учествувавме на два онлајн турнири. Иако досега немавме натпревари во живо, додека во некои држави веќе се одржуваа, сепак, нашите натпреварувачи повторно дадоа се од себе и направија да се гордееме со нив, освојувајќи 1 златен 2 сребрени и 6 бронзени медали. Искрено, не се надевавме на ваков извонреден успех, со оглед на квалитетот на натпреварот и учесниците на него. Настапивме со 7 натпреварувачи кои се натпреваруваа во две дисциплини, форми (борба со замислен противник) и спаринг, од кои најголемо изненадување беше Михаил Јоноски, кој зад себе има 3-4 натпревари и е уште почетник , го освои првото место во спаринг –борби, во категорија деца 11-13 год. -60 кг“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.Нема достапен опис

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...