22.5 C
Ohrid
петок, јули 30, 2021
Почетна Македонија Заев: Правиме голем чекор, Северна Македонија ќе произведува ретровизори за Дачиа

Заев: Правиме голем чекор, Северна Македонија ќе произведува ретровизори за Дачиа

Translate (Eng):[gtranslate]

Премиерот Зоран Заев на презентацијата на инвестицискиот план на компанијата „Магна“, која гради фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, рече дека странскиот инвеститор ќе вложи 35 милиони евра, а циклусот на инвестирање ќе трае до 2026.

„Производството на првите производи од Северна Македонија, ретровизори за „Дачиа Дастер“ е планирано кон крајот на 2021 година. Согласно договорот за државна помош, висината на инвестицијата изнесува најмалку 35 милиони евра. Согласно договорот, висината на државната помош е 50% од реализираната инвестиција која ќе се имплементира преку даночни и царински ослободувања како и грантови за отворање нови работни места, за оправдани инвестициски трошоци и за конкурентност.

Во моментот веќе се вработени 40 лица, а согласно договорот за државна помош ќе бидат вработени 300 наши сограѓани. Според бизнис планот на компанијата во наредните 10 години се планирани над 1.200 работни места. Новата инвестицијата во Струга е уште една потврда за заложбите на оваа Влада за рамномерен регионален развој за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за нашата економија. Ова е прилика да упатам и од ова место порака до инвеститорите, да ги искористат можностите и да го вложат својот капитал во Северна Македонија. Владата креира поволен деловен амбиент и еднакви услови како за домашните така и за странските инвеститори“, рече Заев во своето обраќање.

РЕКЛАМА

Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони рече дека вложувањето на вакви технолошко напредни компании носат повисоки плати и напредок во кариерата на младите работници.

„Со новиот концепт на привлекување инвестиции кој изминативе неколку месеци го применува ТИРЗ, успеавме да поттикнеме интерес кај повеќе од 30 компании за обем на инвестиции над 425 милиони евра, кои ќе донесат и нови 8.500 работни места“, наведе Деспотовски.

Канадската компанија има 160.000 вработени низ светот, присутна е во 21 земја со 350 производни погони. Бизнисот освен во Северна Америка и Европа, веќе го шири и на азискиот пазар. Во 2020 година остварила 33 милијарди долари обрт, а во 2019-та вкупно 40 милијарди.

- Реклами -