10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаКостовски: Без разлика дали ќе биде Максим или некој друг, СДСМ победува...

Костовски: Без разлика дали ќе биде Максим или некој друг, СДСМ победува 100% во Куманово.

Со првите внатрепартиски избори, со маалските и урбани средби, со постојани средби со целни групи на граѓани СДСМ поставува пример на ново, модерно, европско функционирање на партијата, СДСМ постојано е со граѓаните и затоа сме фаворити на претстојните избори, порача вечерва пратеникот и претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски на вечрашната трибина „Најдоброто за нашата општина..

Владата предводена од СДСМ покажа вистинска грижа за сите општини и преку поддршката од 50 милиони евра за враќање на дел од долговите, но и преку финансирање на капитални проекти кои со децении беа само сон. Реконструкција на патот Куманово – Свети Николе, патот Куманово – Страцин, нов Ургентен центар, реконструкција на Искрин мост на река Пчиња, се само дел од проектите што ги финансираше Владата на СДСМ, за разлика од владата на ВМРО-ДПМНЕ која цела деценија ниту еден проект не реализира во нашето Куманово“, посочи Костовски.

Костовски порача дека со сето она што е сторено за Куманово во овие четири години, СДСМ останува најголем фаворит за нова убедлива победа на локалните избори на есен.

– Без разлика кој ќе биде кандидат за градоначалник, СДСМ повторно убедливо победува на претстојните локални избори, без разлика на кандидатот, СДСМ дава збор дека се што ќе се најде во програмата која заедно ја пишуваме, тоа ќе биде реализирано со сигурност, затоа што покажавме дека за нас зборот е збор, заклучи Костовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...