14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветПочина Доналд Рамсфелд, десната рака на Џорџ Буш.

Почина Доналд Рамсфелд, десната рака на Џорџ Буш.

Поранешниот американски секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд, почина денеска во својот дом во државата Њу Мексико, десет дена пред неговиот 89-ти роденден, објави неговото семејство. Тој беше роден на 9 јули 1932 година во Чикаго.

Рамсфелд беше секретар за одбрана на САД во време на претседателот Џералд Форд (1975-1977), но многу повеќе внимание предизвика со својот втор мандат на позицијата, кога претседател беше Џорџ В. Буш (2001-2006), за време на војните во Авганистан и Ирак.

„Со длабока тага ја споделуваме веста за смртта на Доналд Рамсфелд, американски државник и посветен сопруг, татко, дедо и прадедо. Со 88 години, тој беше опкружен со семејството во својот сакан Таос, во Њу Мексико,“ пишува во изјавата од семејството на Рамсфелд.

Тој имаше репутација на вешт бирократ, но и на визионер на модерната американска војска, пишува Асошиејтед Прес. Рамсфелд беше идеологот на американската „војна против теророт“, која беше прогласена по нападите врз кулите-близначки во Њујорк во 2001 година, како и архитект на воените интервенции на САД во Ирак и Авганистан, кои завршија речиси неславно, без особени резултати и со конечно повлекување на американската војска од двете земји

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...