31.9 C
Ohrid
понеделник, август 2, 2021
Почетна Македонија Од СЗО не предупредуваат: Ќе има нов бран во Европа, се зголемува...

Од СЗО не предупредуваат: Ќе има нов бран во Европа, се зголемува бројот на заразени со Kовид-19 на континентот

Translate (Eng):[gtranslate]

Ќе има нов бран во Европа доколку лидерите и граѓаните не се дисциплирани предупреди СЗО . По десет недели опаѓање, во мината недела бројот на нови случаи се зголеми за 10 проценти а причините според СЗО се должи на поинтензивните патувања и поради олабавување на некои анти-ковид мерки од страна на земјите.

Инаку од денеска стапи на сила ковид сертификатот на ЕУ со кој треба да се избегне потребата од карантин и понатамошно тестирање за време на патувањето помеѓу 27 земји членки на Унијата плус Ирска, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. Документот

достапен во дигитална форма на паметните телефони или во хартиена форма, покажува дали патникот е вакциниран со една од вакцините одобрени од ЕМА,, дали тој се заразил со ковид- 19 или има негативен тест за коронавирус. Но загрижувачката ситуацијата со делта сојот на коронавирусот во некои членки на ЕУ веќе се заканува да ја намали употребата на сертификатот.

РЕКЛАМА
- Реклами -