10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЛукаревска: Граѓаните во Македонија се побогати за 36,3 милиони евра, благодарение на...

Лукаревска: Граѓаните во Македонија се побогати за 36,3 милиони евра, благодарение на скенирањето фискални сметки.

За две години откако е почнат проектот „МојДДВ“ се исплатени 2,238,340,844 денари, односно 36,3 милиони евра, на над 399 илјади корисници на апликацијата за поврат на ДДВ, кажа денеска на прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

„Граѓаните веќе знаат дека со сигурност на секои три месеци на нивните трансакциски сметки се исплаќа повратот на ДДВ кој што го оствариле и со тоа се зголемува и довербата кон институциите. Благодарение на оваа мерка, едно четиричлено семејство може да врати до 28.000 денари годишно во семејниот буџет. Во првата година преку ‘МојДДВ’, вратени се над 670 милиони денари, додека во втората година од ‘МојДДВ’ вратени се над 1,5 милијарди денари. Во оваа 2021 година за првото тримесечје на граѓаните им се исплатени 413.758.172,00 денари“, изјави Лукаревска.

За купените македонски производи веќе неколку месеци се враќа дел од ДДВ во висина од 20% , а за останатите производи 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...