22.5 C
Ohrid
сабота, јули 31, 2021
Почетна Македонија ''СДСМ го шутна Максим Димитриeвски''- Новиот кандидат за градоначалник на Куманово е...

”СДСМ го шутна Максим Димитриeвски”- Новиот кандидат за градоначалник на Куманово е Мартин Костовски

Translate (Eng):[gtranslate]

На својот Фејсбук профил денес, некогашниот, до 2017 год. , директор на Службен Весник на Македонија, а денес актуелен пратеник во Собранието, објави дека е официјален кандидат за градоначелник на Куманово!

Во својот пост тој вели:
„Убав ден другари и другарки,
сопартијци и соборци, драги кумановци
Денеска во просториите на Општинска Организација СДСМ Куманово, ја потпишав изјавата за прифаќање на кандидатурата добиена од месните одбори.

Покрај пополнетата изјава и личната биографија, ја доставив и програмата со која сакам да ја побарам поддршката од мојата партија за кандидат за градоначалник на Општина Куманово на претстојните локални избори.

РЕКЛАМА

Во изминатите години постигнавме многу за Куманово и кумановци, а знам и верувам дека ќе постигнеме уште повеќе.
СДСМ е најдоброто за Куманово, СДСМ победува, кој и да биде кандидат на СДСМ е #најдобротозанашатаопштина

Ваш Мартин Костовски “

Владејачката партија СДСМ сега чека да види кој ќе биде политичкиот противник на Костовски во борбата за градски татко на општ. Куманово за наредните локални избори во вторара половина на октомври 2021 год.

- Реклами -