22.5 C
Ohrid
петок, јули 30, 2021
Почетна Македонија Шилегов: Да не беа моите родители, јас никогаш немаше да станам олку...

Шилегов: Да не беа моите родители, јас никогаш немаше да станам олку успешен.

Translate (Eng):[gtranslate]

Еден непознат автор еднаш има кажано дека „семејството е најголемиот благослов во животот. Група што сонува, се смее, си игра и се сака заедно. Оние на кои секогаш можеш да се потпреш. Секогаш се тука, не само во добрите моменти. Тоа е најскапоцениот подарок“. Има многу вистина во овие неколку редови. Семејството како столб, како поддршка за да некои работи во животот ги направиш похрабро.

„Не би бил толку успешен да не беа тие такви какви што се, за што сум им благодарен“, рече и гардоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во интервју за ммс кој потенцираше дека неговото семејство му е главната поддршка во работата и она што тој е денес.

„Не би можел човек квалитетено да се бави со политика, ако од друга страна пак семејството не му е главната поддршка во таа работа. Да, имам сериозна поддршка од сите дома, сериозно разбирање, токму заради интензитетот и времетраењето на ангажманите кои што ги има ова место, градоначалник на Скопје. И мислам дека не би бил толку успешен да не беа тие такви какви што се, за што сум им благодарен“, рече Шилегов.

РЕКЛАМА

За да дознаете повеќе за ова интервју, кликкнете тука: ммс

- Реклами -