8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаИнцидент после завршувањето на ЛГБТИ парадата во Скопје: Малолетни момчиња нападнале дел...

Инцидент после завршувањето на ЛГБТИ парадата во Скопје: Малолетни момчиња нападнале дел од учесниците на парадата на гордоста. (Видео)

Тројца малолетници нападнале и повредиле ЛГБТИ лица во центарот на Скопје по завршувањето на Парадата на гордоста, соопштија организаторите. Сторителите се пронајдени и ќе се соочат со отежнувачката околност на дело сторено од омраза, информираат од „Скопје прајд“.

„Цената на нетолеранцијата кај нас редовно и најмногу ја плаќаат младите, и како жртви, и како извршители на кривични дела од омраза, и тоа е една од главните пораки што сакаме да бидат чуени. Не може сеењето омраза да се пакува како вистинска грижа за децата“, стои во нивното соопштение.

Покрај ова, од „Скопје прајд“ периодов забележале засилен говор на омраза по основ на сексуална ориентација и родов идентитет, а повеќе пријави се веќе поднесени до Министерството за внатрешни работи.

Но, според нив, очекувано е Парадата да биде повод за експлозија од коментари на социјалните мрежи.

„Нападот по Прајдот беше еден брз „reality check“ и тоа додека уште траат моментите на добро исполнет и радосен ден. Отрезнување кон она што сите добро го знаеме, дури и кога инспиративната атмосфера на заедништво и солидарност ќе нѐ направи еуфорични. А тоа е дека борбата е постојана и дека меѓу деновите кога славиме протестирајќи, и понатаму е потребно засолниште за прогонетите, психолошка поддршка на трауматизираните, правна помош, здравствена и социјална грижа и други начини да им се излезе во пресрет на најранливите и помалку привилегираните. Организациите-членки на НМХТ се целосно посветени на оваа мисија и продолжуваме со сите свои сили, љубов и ентузијазам да работиме на промените. Без сомнеж и без оглед на етикетите, што од разни страни ги добива нашиот граѓански активизам“, се вели во соопштението од „Скопје прајд“.

Според нив, она што ја прави парадата за успешна е чувството на слобода и сигурност за време на настанот.

РАДИО МОФ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...